„Oтворен Балкан“ – Затворени граници: Огромен метеж на „Табановце“ – километарски колони камиони

Колона со камиони долга над 10 километри од Табановце па речиси до Прешево. За влез во Македонија од Србија и денеска се чекаше и над 12 часа, a граѓаните од македонска страна за влез во Србија чекаа и до еден час.

Попладнево ситуацијата се подобри, вагата конечно профункционирала. Сепак, проблем и натаму е недоволниот број на персонал поради годишните одмори.

Превозниците реагираат дека нема никаква корист од помпезно најавуваната иницијатива „Отворен Балкан“ потпишана помеѓу Македонија, Србија и Албанија која беше најавена како една економија без граници – 100 отсто слободна трговија, нула пречки за движење на граѓаните и побрз проток на стоки и услуги. Со оваа иницијатива се отвори и брзата лента за превозниците од земјите од „Отворен балкан“  , но очигледно ни тоа не функционира.

ТОНСКО МАРЈАН СТЕФКОСКИ –

Проблемот е веќе со години, а ние возачите сме приморани да трпиме и да чекаме. „Отворен Балкан“ значи дека таа роба која потекнува од соседната држава нема да има потреба да биде царинета ние се уште тоа го трпиме. Исто така големиот застој се состои бидејќи само една лента која е овозможена за возачите на камиони тука се и празни и полни камиони со роба, вели Марјан Стефкоски Претседател на независен Синдикат на професионални возачи на транспорт и врски на Македонија

Слична ситуација беше  и на граничниот премин Блаце и на граничниот премин „Богородица “ каде за влез и излез според информациите од АМСМ се чека околу 45 минути.

За проблеми на „Табановце“  и „Блаце“ превозниците се пожалија и вчера кога километарски колони се создаваа на „Блаце“  исто поради расипана вага на царинскиот терминал. Од превозниците му дадоа рок од седум дена на Министерот за транспорт и врски да ги разгледа нивните барања кои се доставени и на писмено , а во спротивно најавија протести и блокади на сите гранични премини.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста