Oризопроизводители: Aко ја замрзнат цената на оризот, ќе не замрзнат и нас

Државата да го откупува оризот за стокови резерви, да се зголеми цената за 20% , па потоа може да се размислува за замрзнување на цената на оризот, децидни се кочанските оризопроизводители, откако власта најави дека и оризот би можел да се најде на листата на производи со замрзнати цени.  Стравуваат дека  откупувачите дополнително ќе ја намалат откупната цена со што би предизвикале сериозен удар врз оваа земјоделска гранка.

  „Ако ја замрзнат цената, ќе не замрзнат и нас. Младите ќе избегат..Производната цена беше 27денари, сега со инфлацијата минимум треба да биде од 40 до 45 денари, за да можеме да ги посееме површините, во спротивно пак ќе има проблем„ вели Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството.

 Пред стартот на новата сеидба ваквите најави земјоделците би можело да ги стави пред свршен чин, а многу ниви да останат непосеани.Велат, со ова секоја надеж би згаснала, бидејќи нема да можат да планираат ново производство, ако нама план за покачување на цените.

   „Пред да се донесе било каква одлука мора да се размислува и за последиците кои ние земјоделците ќе ги сносиме врз основа на оние одлуки што ги донесува власта, а не се во согласност со нашите потреби за оризопроизводството и ја негираат нашата желба за обработка на земјоделските површини„ изјави Стојче Ташовски

 Освен евентуално замрзнување на цената на оризот, се прават анализи на списокот се најдат јајцата и шеќерот. Последен пат замрзнување на цената на оризот имаше во декември 2021 година.

Александра Ристевска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста