Oд сега ќе јадеме јајца и ориз по замрзнати цени, ама само со еден до два денари поевтинување

Од еден до два денари ќе поевтинат јајцата од кокошка, се пофалија од Владата на уште една во низата прес-конференции посветени на прозводите кои одат под мраз. Ковачевски вели дека најскапото јајце од утре ќе се продава по цена од 9,8 денари. За некој денар поевтинува и оризот, во зависност од компанијата која го пакува. Зошто наеднаш не се замрзнат цените на сите прозводи кои се на листата на владата и зошто има потреба секој ден да се прави пи ар со прес конфернции на кои ќе се брои производ по производ, Ковачевски вели дека тоа било за добро на граѓаните.

  • Владата продолжува со трендот да им излезе во пресрет на потребите на граѓаните за справување со последиците од кризата. На седницата донесовме одлука за понатамошно замрзнување на цените на основните прехранбени производи, меѓу кои јајцата од кокошка и оризот, со кои нивните највисоки цени ќе останат на нивото на цените што се применувале на 15 март 2023 година, со важност до 30 април 2023 година. Трговците регистрирани за вршење трговска дејност имаат обврска редовно да продаваат и набавуваат свежи јајца од кокошка во количини што редовно се набавувале во јануари и февруари 2023 година“, изјави Ковачевски.

Премиерот додаде и дека трговците мора првин да набават јајца за граѓаните дома, а потоа за извоз. Тој рече дека со ова се спречува зголемување на цените на продуктите пред празниците.

  • Во изминатиот период утврдивме значаен пораст на цените на ориз и јајца како резултат на движењата во однос на увоз и извоз на овие производи. За таа цел, а во пресрет на Велигден и Бајрам, со цел да се спречи дебаланс на домашниот пазар на јајца од кокошка, производителите најмалку 70 отсто од производство треба да го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина што се набавувала во јануари и февруари. Овие мерки не ги носиме произволно, туку се носени врз факти и анализи“, додаде тој.

Во Владата се разговарало и за евентуално за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, а анализите што ги направило Министерството за земјоделство треба да се достават до економија и до Кабинетот на премиерот, по што пак ќе правеле анализи.

  • Не би сакал да кажам со паушални изјави, но ако конкретно нешто се дава како предлог може да го дадат и до кај нас како институции, може и јавно да го презентираат пред граѓаните. И ако е одржливо секако ние сме подготвени да прифатиме предлози кои доаѓаат од стопанските комори. Само имаме конкретен предлог во делот на укинување на сите царински давачки. Таков предлог моментално е пристигнат во Министерството за економија. Такви предлози за укинување на сите царински давачки мислам дека не се одржливи ниту во краток, ниту во долг рок“, рече Бектеши.

Од Владата смируваат дека земјава нема да остане без јајца во пресрет на велигденските празници, зашто внимателно се следела состојбата на пазарот. И додека стопанството критикува дека вештачки се замрзнуваат цените, од Владата следно ќе ги анализирале и месните производи, по што и за нив ќе се одлучува за колку да има намалување.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста