Oдгледувачите на свињи од с. Љубодраг на протест поради уништување здрави свињи

Ни го земаат лебот од рака –  Одгледувачите на свињи од с. Љубодраг на протест поради најавеното уништување на нивните свињи бидејќи во околината се појавила  афиканска чума.

Одгледувачите се револтирани бидејќи нивните свињи биле тестирани и не било регистрирано присуство на болеста. Бараат одговори зошто да ги уништат кога нивните свињи не се заразени .

Жителите на с. Љубораг остануваат на улица и утре и задутре, а протестите и блокадата на улицата ќе продолжи и од понеделник ако не бидат повикани на средба од Министерот за земјоделство и  Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. 

Вчера се одржал и состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство на кој била разгледана  актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите. На состанокот било заклучено дека мора да се усогласат активностите на надлежните државни органи, ветеринарните  друштва, локалните самоуправи и комуналните претптијатија кои се под нивна надлежност, но, пред се била потребна  соработка од сточарите за да се искоренела болеста. На подрачјето на државата од 27 јули до 5 октовмри, годинава уништени се 3.346 свињи.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста