Oхридското езеро не се чува доволно, не е ни чудо ако УНЕСКО го прогласи за загрозено подрачје

Последниве 30 до 50 години притисокот на човекот врз Охридското езеро и неговиот екосистем е огромен. Во три милиони години старото езеро се испуштаат отпадни води, огомен е притисокот на пловилата, масовниот туризам е вистинска закана и го загрозува едно од најстарите езера во Европа-вели Даниел Богнер, експерт за заштитени подрачја. Тој пред 2 години бил ангажиран од најголемата асоцијација за заштита на животната средина Ај-ју-си-ен, да направи студија за заштита на Охридско. Не ме чуди вели тој, што Унеско не ја искучува можноста Охрид, а од тука и езерото како посебно заштитено природно богатство, да го стави на листата на загрозени подрачја.

Потребна е акција, затоа разбирам зошто Унеско размислува да го стави Охрид на листата на загрозени подрачја бидејќи постои ризик ситуацијата да стане уште полоша. Мое мислење е дека треба веднаш да се превземат две работи: да се подобри колекторскиот систем и друго и да се направи вистинска марина, изјави Даниел Богнер – експерт за заштитени подрачја

И домашните експерти се согласни дека дивоградбите вдолж крајбрежето, поставувањето на платформи, тераси и разни други конструкции во самото езеро доведоа до уништување на ендемичните растителни и животински видови. Посебно загрижува палењето и унишувањето на трските, особено на струшкото крајбрежје со цел на тие атрактивни крајезерски појаси да никнат дивоградби.

Секое навегување во било кој сегмент од езерото,предизвикува последици врз самите екосистеми. Сето она што е неконтролирано, непланско уништување, секако дека има последици врз живиот свет, изјави Орхидеја Тасеска – директор на Хидробиолошки завод

Поради сето ова, виси статусот на Охрид под капата на Унеско, после 4 деции, извесно е дека Центарот за светско наследство ќе побара Охрид да се стави на Листата на светско наследство во опасност. На 23 фебруари 2023-та истекува дополнителниот рок од две години кои градот и државата го добија за да постапат по препораките на Унеско.

Новинар Росица Голабоска

Снимател, монтажа Златко Маневски