Oсмани и Генчовска го потпишаа протоколот – Бугарија не го признава македонскиот јазик

Потпишан билателарниот протокол меѓу Македонија и Бугарија.   Шефицата на бугарската дипломатија јасно порача дека нема  отстапки  од позицијата дека не го признаваат македонскиот јазик и дека тоа ќе биде забележано во секој документ во итегративниот процес на Македонија со ЕУ, наспроти уверувањата дека јазикот ќе остане чист без никакви фусноти и додадоци, преговорите ќе започнат дури откако ќе ги вметнеме Бугарите во уставот, а нов француски предлог нема и нема простор за промена во постојниот . Според бугарското МНР  отсега во ниту еден документ во пристапниот проце  македонскиот јазик не може да биде прифатен од бугарија и за тоа во понеделник ќе достават унилателарна декларација  на состанокот на постојаниот комитет.

„Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во контекст на преостанатите 26 земји-членки, сепак, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став. Но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка“, изјави Теодора Генчовска – Министер за надворешни работи на Бугарија.

Генчовска истакна и дека во протоколот што денес е потпишан има конкретни рокови кои се дел од Преговарачката рамка. 

Дека вметнувањето на бугарите во Уставот е услов да се одржи и втората мешувладина седница и да продолжи скрининг процесот брифираше и Османи пред да замине за Софија . Од вторник имаме година и пол да  ја исполниме оваа обврска

Османи кажа дека Протоколот ќе се заснова на принцип на реципроцитет, односно дека двете држави ќе имаат обрска да го исполнуваат она што едногласно ќе го одлучи мешовитата комисија како менување на учебниците и обележјата на спомениците  . Ставовите со Бугарија за промена на учебниците треба да се усогласат до 2024- 2025 година. 

Сепак иако Османи вети дека за да го испочитува џентлменскиот договор со Софија ќе го објави Протоколот по потпишувањето, денес од првиот човек на македонската дипломатија добивме повторно само уверување дека сме добиле историска шанса.

За нас е историска можност после 17 години РС добива можност да ги почне преговорите со ЕУ со што почнува последната фаза за отпочнување на преговорите. Очекуваме поддршка од страна на Бугарија, сето тоа во интерес на граѓаните на Македонија и Бугарија. Ова е само еден нов почеток се надевам дека денес отвораме ново поглавје од обични граѓани до политичари со цел да се надминат сите пречки на патот, изјави Бујар Османи – Министер за надворешни работи на Македонија.

Потпишувањето на протоколот и состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание. Според сигналите од Бугарија Протоколот ќе бил објавен дури во вторник.

Кристина Алексиеска