Oд 9-ти до 16-ти јуни ќе се одржи 57-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
Со седум претстави во официјалната и со десетина во придружната програма, од 9-16 јуни во Прилеп ќе се одржи 57-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Годинашниот фестивал, кој заради пандемијата, со едно свое издание е поназад, ќе го отвори претствата „Инферно“ од Данте Алигери, во режија на Дејан Пројковски и во изведба на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи-Констатнтинов-Џинот“, а ќе биде затвотен со претставата „Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски, а во продукција на Српското народно позориште од Нови Сад.
„Концептот на селекцијата е насловен како „Театар – радоста на играта и пркосот на креацијата“. Програмата ќе биде селектирана во четири различни програми. Понудената слика низ македпнските театарски институции покажа неколку важни елементи со кои се соочува театарот кај нас. Сликата не е унисона, ниту пак покажува дека постои серозна стратегија што треба да е денес театарски идентитет. Најпоразитечно е тоа што нема интерес за поставување на домашна драма“, рече Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“.
Годинава ќе бидат доделни две награди за животно дело. Лауреати се доајените на македонското глумиште, актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски. Исто така, според Стојаноска, годинашното театарско случување ќе изобилува со низа новини. Освен што се враќаат популарните Тркалзни маси, во рамките на фестивалот ќе има и едукативни работилници и претстави наменети за најмладата театарска публика, промоија на тетарска литература, а во градот, на неколку локации ќе има и т.н. фестивалски зони.
„Ќе има поставено живи статуи и истовремено ќе има приказ на средновековни тетарски изведби, таканаречените – скомрахи кои што ќе се шетаат низ Прилеп и ќе ги покажуваат своите етиди“ – објаснува Стојаноска.
Годинашната официјална селекција е направена во конкуренција од вкупно 52 претстави во продукција на речиси сите македонски театери, а додека од независните продукции се пријавиле 16 претстави од кои се избрани 7.
Каролина Дурло