Oд синоќа граѓани будни пред Влада 24 часа: Мора да не послушаат, време е за големо „не“ за францускиот предлог

Граѓаните пообединети од било кога. Млади и стари, леви и десни сите едногласно сполтени бараат Владата да каже „НЕ“ на  Францускиот предлог.  Дел од оние кои беа присутни синоќа на сенародниот протест одлучија да останат на „Илинденска“ и да преноќат во своите автомобили.

И денес на +35 останаа пред Владата, и како што велат,  ќе останат се додека Владата не го послуша народот .

„Историското „НЕ“ во Брисел беше поради гласот на народот. Сега, Ковачевски останува глув на барањата на граѓаните кои три дена се на улица. Откако францускиот предлог стигна на портите на Македонската Влада, спонтано граѓаните преку социјалните мрежи се собраа пред Владата.

Емотивни , силни пораки беа испратени од говорницата.  Јавни личности, професори, новинари, претставници на граѓански здруженија кажаа гласно „НЕ“

Масовен протест ќе има и вечерва, со надеж дека пред утрешната седница на Влада кога треба да пристигне францускиот предллог на маса сепак министрите ќе се одлучат да кажат судбоносно „НЕ“.

Кристина Алексиеска