НУК бара да се укине органичувањето на работното време на угостителите
Жива музика, повеќе лица на маса, организирање прослави и во помали објекти се дел од барањата на угостителите. Охрабрени од изјавите на надлежните во последните денови дека со олабавувањето на мерките ќе бидат направени нови протоколи, Независната угостителска комора ги сумирала проблематичните точки со кои се соочуваат угостителите и очекуваат Комисијата за заразни болести да ги стави на маса кога ќе пресече за нови рестрикции.
Доколку дојде до укинување на полицискиот час целосно да се укинат било какви ограничувања во однос на работното време и да не дозволиме веќе да размислуваме околу тој проблем. Дадовме препорака во целост да се дозволи да се работи и во внатрешните делови согласно истите протоколи коишто беа и претходно, со оглед дека многу угостителски објекти немаат тереси и неможат да ја вршат својата дејност во моментов. Бараме да се укине таа октомвриска забрана со која практично забранија настапи на музички и естрадни уметници во угостителските објекти и практично да го враќаме животот чекор по чекор во нормалавели претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.
Да се укине и забраната на една маса да седат повеќе од 4 лица и да се дозволи да работат ноќните клубови, кабареа и летни дискотеки бараат угостителите. Апсудно е сеуште да важи забраната за ограничување на звук до 55 децибели сметаат од НУК, па бараат веднаш да се укине.
Друга точка, која што повеќе наши колеги од други комори и здруженија ја бараат истовремено е дозволата за одржување на настани и прослави во угостителски објекти поготово во угостителски објекти кои што се специјализирани за такви настани односно свадби. Едноставно мора да се укине таа забрана за организирање на вакви настани. Најавените експерти имаат за обрвска да изготват соодветни протоколи под кои ќе се работат овие настани односно прослави и свадби, но не само за големите објекти тука да соодвествуваат за секој објект вели претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.
Здравствените власти не размислуваат за промена во мерките во наредната недела. Барања на НУК за министерот Филипче се логични и ќе ги разледуваат во понеделник, но истовремено вели мора да се анализира епидемиолошката состојба по олабавувањето на мерките.