Ново рочиште за предметот „Монструм” во Кривичниот суд во Скопје

Судскиот предмет за петкратното убиство кое се случи на Смилковско Езеро во април 2012, попознат како „Монструм”, денеска продолжува во Кривичниот суд Скопје.

Постапката на овој случај е во фаза на доказна постапка. Сведоците на обвинителството скоро се при крај, односно на една од следните рочишта би требало свој исказ да даваат сведоците предложени од одбраната.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинените го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста