Ново разочарување од Брисел – не можат да ни ветат датум, но можат да ветат волја

„Не можам да ви ветам датум но можам да ви ветам волја“ – ново разочарување од Брисел за Скопје. Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел не кажува дали и што конкретно Унијата ќе превземе за на следната меѓувладина конференција Македонија ги почне преговорите со Европската Унија. Постојано повторуваат дека местото на земјава било во Европското семејство, но нема никакви гаранции дека Македонија во јуни ќе го започне евроинтегративниот процес. Ништо ново од средбите на Борел со државниот врв.

Дека сегашната состојба на статус – кво никому не оди во прилог, признава и премиерот Димитар Ковачевски. За него поддршката на Борел била недвосмислена, побара засилени процеси за македонската евроинтеграција конечно да тргне, ама за датум не се врзувал.

Жозеп Борел се сретна и со претседателот Стево Пендаровски кој истакна дека почнувањето на пристапните преговори ќе бидат тест за кредибилитетот на Европската Унија.

Со новите геополитички динамики, ние не зборуваме за забрзување на нашиот процес, имајќи предвид дека Македонија и Албанија имаат одлука за започнување на пристапните преговори од Советот на Унијата уште од март 2020 година. Повикувам на брза реализација на стратешките одлуки во однос на политиката на проширување. Македонија, се докажа како кредибилен партнер на Европската Унија, истакна претседателот Стево Пендаровски

Додека експертите постојано предупредуваат дека евроскептицизмот во земјава расте, владините претставници гаат надежи дека Македонија конечно ќе стане членка на ЕУ, а наместо конкретни одговори од претставниците на Унијата речиси секогаш добиваме само слаткоречивост.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста