Новите сопственици на Њу Касл нема да штедат на Чиро Имобиле од Лацио

Првиот италијански репрезентативен напаѓач Чиро Имобиле од Лацио е во дилема дали да го прифати договорот од клубот до 2025. година според кој би заработовал 3 милиона евра по сезона или да ја почека понудата од Њу Касл. Таа би била далеку подобра, по осум милиони месечно, настрана што и римскиот тим би инкасирал 55 милиони, но за неа треба да се почека да завршат формалностите за преземање на клубот од Сент Џејмс Парк од страна на саудиските сопственици. Токму, тие или поконкретно Јасир Ал Румајан бил голем фан на Имобиле.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста