Новите респиратори – сто пати најавени, ниту еден не стигнал, Владата распишува нов тендер

Владата донесе Уредба за итна набавка на 200те респираторни машини. За оваа набавка Министерството за здравство ќе објави јавен повик, но што ќе се случи со околу 250те респиратори кои предходно требаше да пристигнат во земјата, останува не јасно.

Драмата околу набавката на респиратори започна кон средината на март каде само за неколку дена Филипче даде неколку контрадикторни изјави, но најавените респиратори од стратнство кои требаше да пристигнат на почетокот на април ги нема.

На 16 март 2020 Филипче изјави:

Тоа што е на располагање во приватните болници, 40 тина во една институција, близу 30 во друга приватна институција, ние набавуваме 50 кои ги очекуваме оваа недела со можност за уште 50.

По само три дена  истакна дека ќе се одбирал најповолен добавувач.

Лажна вест е дека набавката е завршена. Таа постапка не е завршена, допрва следи аукцијата, спуштањето на цената на понудите.

Потоа рече дека респираторите се заглавени во Бразил.

Проблемот е што машините во овој момент се запрени во Бразил со одлука на нивната влада. Со интензивна комуникација на министерството за надворешни работи и нашиот амбасадор во Бразил се обидуваме таа бројка на машини да ја ослободиме.

Османи  пред неколку дена рече дека 25 респиратори кои се наменети за нас има заглавено во депо во Турција, Македонија ги купила, со средства на амбасадата на Норвешка, а посредувала организација на Обединетите нации.

Заборави ли министерот на неговото првично ветување дека од Кина најверојатно ќе стигнат 200 респиратори. Зошто нема детално објаснување не се знае. Откако опозицијата алармираше за манипулација со тендерската постапка министерството ја поништи. Објаснија дека ниту еден оператор не можел да го обезбеди критериумот за итна набавка.

Дали сега некој ќе ги исполни критериумите? Останува да видиме.

Дејан Трендов

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста