Новите Ковид мерки ги испразнија трговските центри, прометот намален за над 40%

Владините мерки против коронавирусот покрај кафулињата силно ги погодија и трговските центри. Ударот врз невакцинираните ги испразни моловите и го намални прометот за над 40% во дуќаните, алармираат трговците. „Сити Мол“ регистрирал големи загуби во последната 1,5 година, од почетокот на пандемијата, и стравуваат дека ќе се книжат загуби ако мерките се заоструваат. Велат ако ударот продолжи можно било и заминување на брендови.

  • Само за еден месец приходите на продавниците се намалени за 30% до 49%, токму тие вложија големи напори да ја одвиваат својата работа по прописи. Можеби треба да се размисли за нова евентуална итната мерка, поточно посетителите во затворените молови да влагаат со негативен брз тест, како што е пример во поголемите европски земји, изјави за Алфа Дамјан Корубин, од менаџментот на „Скоје Сити Мол“.

Новите владини мерки целосно ќе го ослабнат бизнис секторот, реагираат трговците. Тие максимално ги поддржуваат напорите на институциите да се изборат со вирусот, но сметаат дека мерките се строги. Дека тоа е така јасно се гледа и од посетеноста која е намалена за 60% во споредба со минатиот месец.

  • Уште од почетокот на пандемијата, трговските центри и дуќаните воедно и брендовите комплетно ги применуваат мерките за поголема борба против вирусот. Вработените и посетителите носат маски, имаме ограничувања на посетителите во продавниците, како и сигнализација на далечина, се користи дезинфекција, сите системи за вентилација редовно се чистат. Сепак и покрај сите мерки, најновата ни го намали прометот за 40%, што се соочивме со уште еден бран на економски пад, посочуваат од Фешн Груп.

Од бизнис секторот велат дека ваквиот заострен начин ја отежнува работата на бизнисите и драстично се намалува работата во дуќаните, како и затворање на фирми ако се продолжи со ваквата пракса. Затоа бараат да се изнајдат други начини на работа и да ги охрабрат граѓаните да се вакцинираат или да овозможат брзи тестови со ниски цени како во другите развиени земји.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста