Новиот бран пред врата, интересот за вакцини се помал, во Тетово намален за десет пати

Новиот бран ни тропа на врата, а интересот за имунизација е се помал. Во Тетово, споредбено со летниот период е намален за десет пати. Деновиве се затвори и еден од пунктовите, па сега работи само тој во Центарот за култура. На пунктот претежно повозрасни и најмногу интерес за трета доза.

Здравствените власти апелираат граѓаните да се имунизираат, особено помладите, меѓу кои не постои речиси воопшто интерес за да се вакцинираат.

За време на летниот период, прва доза во Тетово примаа по околу 1500 граѓани дневно, периодов, се имунизираат едвај стотина.

Инаку, состојбата со вирусот во полошко е засега стабилна. На болничко лекување има по неколку пациенти, но, загрижува растот на бројот на заразени меѓу учениците. Зголемен број позитивни случаи има и во основните и во средните училишта, а неколку одделенија и класови во моментов се во изолација.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста