Новиот автопат до Штип со прескапи патарини

Ништо од благодетот за евтино  и брзо да се стигне до главниот град. Изградата на новите патарини на автопатот Миладиновци ќе  им ги замати сметките на граѓаните од Истокот, така што возењето до Скопје би им било само брзо, но не и евтино. Според калкулациите патарините би чинеле  60% од сумата што ќе се потроши за гориво, одосно за патарина ќе се плаќа 320 денари, а за нафта помалку од 500. 

Едната патарина ќе биде изградена кај селото Преод .За автомобили ќе се плаќа 70 денари, а другата кај село Кадрифаково и ќе чини 50денари во еден правец

Да се отворат две патарини на автопат со должина од само седумдесетина километри е  некоректно, коментираат граѓаните. Според нивна математика  поевтино би им излегло,  до Скопје да патуваат преку Велес, иако би возеле дополнитело…

  

  Во сиромашна држава и 100денари е многу. Патарините не би требало да изнесуваат повеќе од 260 денари. Тоа се многу пари, а ние сме сиромашна држава-коментираат граѓаните

И додека граѓаните реагираат за изгор скапиот тарифник , министреот за транспорт Бочварски убедува, дека кај нас патарините се релативно ниски. Наместо ублажување на цените, министерот предложи , на тие што им е скапо да патуваат по старите патишта..

  

– Граѓаните од Источниот регион кои што ќе го користаат овој автопат имаат и втора можност да патуваат преку Велес по друг тарифник или може да патуваат по посточеките регионални патишта каде што и воопшто нема патарини, изјави Благој Бочварски-министер за транспорт и врски

Како илустрација според последните податоци од Автомото сојузот на Македонија, граѓаните кои би патувале од Скопје до Игуменица за извозени 529 километри ќе треба да платат 13,80 евра за патарина , од кои 180 денари или 3 евра се за патарини во Македонија , а во Бугарија за седум дена без никакво ограничување за патување ќе треба да платат 8евра.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста