Новинарка, критичарка, рецензентка, координаторка – и добивала и делела народни пари, конфликт на интереси кај Ана Василевска

Новинарка, критичарка, рецензентка, координаторка – и добивала и делела народни пари, конфликт на интереси кај Ана Василевска

Ана Василевска – новинар, критичар, рецензент во Агенцијата за филм, координатор на филмски фестивал – човек кој во исто време седи на повеќе столчиња – била фактор во одлучувањето за тоа кој ќе добие народни пари од Агенцијата за филм, а воедно заработувала и од фестивалот „Златна рамка“ кој е финансиски поддржан од истата институција.

  • Судир на интереси е констатиран кај Ана Василевска, филмски рецензент во Агенцијата за филм… по основ на координатор на филмска програма на манифестацијата ‘Златна рамка’ (проект поддржан од Агенцијата за филм) и се исплатени средства во износ од 45.000 денари за 2022 и во иснос од 50.000 денари за 2023 година, што е спротивно на законот за филмска дејност. – Стои во надзорен извештај на Министерство за култура за работата на Агенција за Филм.

Ревизијата на Агенцијата за филм што ја направи Министерството за култура констатира дека има сериозен конфликт на интерес. Ана Василевска пак вели дека тоа било само клевета, но немаше одговор на прашањето зошто не тужи ако станува збор за клевета.

  • Сметам дека тој извештај од култура е апсолутно… ајде вашето непознавање можам да го простам, вие сте млад новинар, па треба малку повеќе и подлабоко да влезете во состојбите, меѓутоа, за една институција како што е министерството за култура, сметам прво и основно, дека треба навистина да го знае фактот, дека судир на интереси во оваа држава, може да констатира државната комисија за спречување корупција. Прво и основно, второ, вообичаено, судир на интереси може да се констатира кај функционери и во никој случај тоа не можат да бидат хонорарци. – Изјави Ана Василевска на 18.06.

Покрај тврдењата дека Министерството за култура дека ја клевети и дека таа немала судир на интереси во одлучуњето кој ќе добие народни пари, како и дека тоа го докажала пред антикорупциската комисија, таа постојано се обидуваше да ги дескридитира своите колеги, новинарите, за прашања кои произлегуваат од извештајот за работата на Агенцијата за филм.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )