Новинарите цел на напади од протестите во Сад

Десетици новинари што известувале од протестите во САД објавиле дека биле нападнати  од демонстранти и полициски служби, кои користеле солзавец, гумени куршуми и други средства за да ги растераат толпите.  Низа медиумски здруженија од САД порачале дека таквите „обиди за заплашување на новинарите се неприфатливи“. Двајца членови на ТВ-екипа на „Ројтерс“ биле застрелани со гумени куршуми додека полицијата ги растерувала демонстрантите во Минеаполис. „Ројтерс“ објави дека полицијата одбила да го коментира случајот иако ѝ биле предадени снимки од инцидентот.

 

Американскиот претседател Доналд Трамп се заканил дека ќе ја испрати војска за да ги задуши насилните протести и безредија во десетици градови во земјата предизвикани од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.  Трамп порачал ,  ако градовите не успеат да ги контролираат протестите, тој самиот ќе го реши проблемот за нив . Ги опишал сцените на грабежи и насилство во главниот град како „тотален срам“ пред да се заложи за зајакнување на одбраната на градот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста