Нови вработувања во Општина Охрид – за 300% повеќе вработени во Општината од европскиот просек

Со амин на владеачкото мнозинство во Советот,градските советници го подржаа предлогот на охридскиот градоначалник Константин Георгиески за нови 32 вработувања, кои годишно ќе ја чинат над 200.000 евра општината која е на трето место во земјава по број на вработени во локалната самоуправа.

Во годишниот план за враборување за 2021-ва година, стои дека институцијата во моментов брои 253 вработени, а со новите 32-ве,општината ќе има рекордни 285  вработени лица.Ако се земе предвид европската норма која предвидува 1 административец на 1.000 жители, во општина Охрид која според пописот на населението од 2002 год.има 55.749 жители би треба да има околу 60 админтративци, што значи општина Охрид има над 300% повеќе вработени од европскиот просек.

Ваквиот однос на градоначалникот е крајно потценувачки и срамен, во услови на тешка економска криза, стопанство на колена, зголемен процент на невработеноста во Охрид.Малку му се 250 вработени, па ќе вработува телефонист, разни администратори, лица за протокол и присилна наплата на даноци – вели Сашо Донев – ВМРО – ДПМНЕ.

 Според официјалните податоци на министерството за информатичко општество и администрација во 2017-та година од сите градови,Општина Охрид има најмногу вработени во општинската администрација и тоа 4.66 на 1,000 жители, што е повеќе дури и од најбројаната општина во Македонија, град Скопје.Општина Охрид во 2017-та година со околу 55.700 жители имала 260 вработени во општинската администрација.Ако се направи споредба со Општините Велес и Кичево кои имаат приближен број на жители колку Охрид, првата-Велес во 2017-та имала 85 вработени во општинската администрација, а Кичево со приближно 57.000 жители-190 администативци.

Според официјалните податоци во период од 2000 до 2005-та година за време на градоначалничкиот мандат на Никола Наумов,Општина Охрид броела 94 вработени.Послендиве 16 години бројот на вработени достигнувал и до 308 вработени, заклучно со 2020-та.

За новите 32 враборувања побаравме информација и од општина Охрид,не интересираше:. На што се должи потребата од вака зголемен број на вработувања во локалната самоуправа,колку вработени треба да има локалната самоуправа на општина Охрид,согласно бројот на жители и за колку е зголемен  бројот на вработени во општината последниве 15 години? Колку ќе ја чинат општината новите вработувања ? 

Иако прашања беа уредно испратени пред 2 дена, одговор не добивме.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста