НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нови сведоштва за сексуалниот мобинг во полициската станица Автокоманда

Се повеќе полицајки откриваат детали за активностите на  полицискиот функционер кој според досегашните информации има најмалку 6 жртви кои ги уценувал  и застрашувал барајќи им сексуални услуги.

Полицајка со иницијали Б. К. која сега работи во друга полициска станица раскажува како функционирала шемата на претпоставениот со иницијали С.В.. во полициската станица автокоманда.

„Ако си добар и дадеш ќе бидеш на трон ако не тогаш се закануваше. Бев постара, не му паднав во очи за секс. И за да се покаже и докаже пред младите ја искористи својата командирска позиција лани на крај на ноември, почеток на декември на мои 38 години ме фрли на улица. На моето место доаѓаа помлади бидејќи тој сакаше помладо и позгодно“, раскажува полицајката која од мобинг, стрес и лошите услови за работа добила астма а животот и бил во опасност.

Сега е среќна што е далеку од човекот кому не му била симпатична за „пижама забава“ на која според документите кои ги поседува Алфа полицаецот љубовник повикувал други колешки.

Скандалот со полицискиот функционер излегува на површина во моментите кога Македонија го започна 16 дневниот активизам против насилство врз жените кое што е сеприсутно во институциите.

Предметот против Полицискиот службеник од полициската станица во Автокоманда сега го водат инспектори од одделението за крвни и сексуални деликти  при СВР Скопје и одделот за внатрешна контрола. Дел од жртвите со кои разговараше алфа се надеваат дека нивните колеги во МВР ќе постапат по закон и ќе иницираат кривична пријава против полицаецот кој се изживувал со потчинетите. Во исто време се плашат дека поради блискост на насилникот  со високи функционери во врвот на полицијата тој може да биде амнестиран за своите активности.

Алфа Тв денеска стапи во контакт со командирот на полициската станица во автокоманда каде што се вршеле сексуалните насилства врз повеќе полицајки. Командирот на станицата Сашо Василевски одби да даде коментар за скандалот во неговата станица со објаснување дека на таков човек не дава коментар, мислејќи на авторот на овој прилог. За каков човек го смета новинарот  командирот Василевски не открива.

Жртвите на обвинетиот полицаец даваат рок до 10 декември кога завршува 16 дневната кампања  против насилство врз жените. Доколку до тогаш МВР не постапи по пријавите за сексуално насилство ќе бидат објавени нови детали и случаи во кои полицајки бил уценувани за секс.

 

Горан Момироски

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста