Нови проблеми за охриѓанецот Дарко Кипаризоски кој побегна од Украина

Пет годинишниот Андреј и две и пол годишниот Никита се првите дечиња кои од завојуваната Украина пристигнаа во Македонија,поточно во Охрид. Тие се веќе две недели во родниот град на нивниот татко Дарко кој не може да ги запише дечињата во охридската градинка,затоа што не поседувал доказ дека тие се вакцинирани.

Јас им кажав дека се вакцинирани, но картонот нас ни остана во детската клиника каде што децата се водеа. Клиниката во моментов не работи, немам сознанија дали е таа рушена или не,ние пробавме со нашата докторка да исконтактираме преку вибер, но не ни одговара – изјави Дарко Кипаризоски.

Од опустошениот Харков каде што живеевме, едвам спасивме жива глава, немавме време да одиме по вакциналните картони на децата кои и таму одеа во градинка. Ако не беа вакцинирани ниту во тамошните градинки не ќе ги примеа, вели Дарко разочаран од правните бариери кои се чини, дека само кај нас се пречка да се згрижат децата кои доаѓаат од воено жариште.

Другиве земји јас како што знам за Полска на пример имаме наши познаници ги земаат одма во градинка во школо,исто во Италија и од моите колеги исто така нивните жени заминаа во Португалија  и одма кажаа дека ќе бидат згрижени во градина децата нивни. Хравтска исто знам дека нуди одма сметување  за родителите и децата, дури и работи визи давале за родителите на една година – изјави Дарко Кипаризоски.

Најважно од се’ e децата коли одлично зборуваат македонски јазик,да заборават на голготаат низ која мониваме, да се социјализираат, едуцираат и времето да го поминуваат со своите врсници, додава Дарко. Од градинката “Јасна Ристеска” се правдаат дека децата немале македонско државјанство, здравствени книшки, извод на родени,лекарски картон и уредно примени вакцини.

Сакаме да им излеземе во пресрет,да се социјализираат, но не можеме да дејствуваме согласно материјалниот закон за прием на децата во градинка,тие не ги исполнуваат за прием на истата.Од таа причина бараме од ресорното министерство како да постапиме со нив и што потоа – информираат од ЈОУДГ “Јасна Ристеска”-Охрид.

Ова не е единствената препрека со која се соочи Дарко Кипаризоски кога стапна на македонско тло. Додека непознати луѓе ги згрижувале во Романија, Молдавија и Бугарија без да платат, по 6 дневно патување и 2.5000 км кои го делеа од Охрид, кога стиганал на македонска граница им барале да платат 50 евра за зелен картон, на сите кои во тој момент доаѓале од Украина.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста