Нови предлози за ДИК поддржани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се проф. Д-р Александар Даштевски и Бобан Стојановски

Нови предлози за ДИК поддржани од ВМРО-ДПМНЕ се проф. д-р Александар Даштевски, за претседател, и Бобан Стојановски, дипломиран правник вработен во Собранието на Република Македонија, велат извори на Алфа од партијата.

Професорот Александар Даштевски дипломирал во декември 1988 година на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот Св.”Кирил и Методиј” во Скопје, на правосудната насока и се стекнал со степенот и стручен назив Дипломиран правник. Во 1992 година положил правосуден испит.
Во мај 2010 година завршил постипломски студии на УАКС во Скопје на англиски јазик, од областа на Меѓународни односи и дипломатија. По одбраната на постипломскиот труд „Разлики и сличности помеѓу Меѓународното хуманитарно право и Правото на човекови права‘‘ со просечна оценка 9.4 се стекнал со звање Магистер на науки. Докторирал на 13.10.2013 година на Универзитетот “Евро Балкан”, Институт за општествени и хуманитарни истражувања во Скопје, со одбрана на докторската дисертација на тема: ,,Универзализмот на човековите права версус културниот релативизам во земјите на ЈугоисточнаЕвропа‘‘, со што се стекнал со звањето доктор на политички науки (PhD)

Во 2012 година, станува член на Државна изборна комисија на Република Македонија. Учествува во спроведувањето на парламентарните избори 2006 година, дел од локалните 2007 година и парламентарните избори 2008 година. Неговата функција завршува во јануари 2016 година.[1]
Септември 2016 година, Даштевски е избран за директор на Универзитетот Евро Балкан-Скопје каде ги раководи меѓународните и домашните проекти. Во февруари 2016 година, професор Даштевски е избран за продекан на Факултетот за претприемачки бизнис при УТМС Скопје. Денес, тој го организира наставниот процес на факултетот и предметен професор по: Општествена одговорност, Деловно планирање и етика, Политички маркетинг и Корпорациска општествена одговорност. Истата година, тој е именуван за претседател на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација од страна на Собранието

Бобан Стојановски, дипломиран правник, магистрант по меѓународно право. Роден во Кичево 1984г. Работи во Собрание.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста