Нови пожари во околината на нуклеарката во Чернобил

Во околината на напуштената нуклеарна електроцентрала Чернобил во Украина денес избија нови пожари, чие гасење е отежнато поради силниот ветер, соопштуваат украинските власти.

Пожарите ги гасат повеќе од 1.000 пожарникари. А состојбата ја влошува и палењето на стрништа и сува трева од страна на локалните земјоделци.

Претходно пожарот кој ја зафати површината околу електроцентралата Чернобил предизвика радиоактивно зрачење 16 пати поголемо од дозволеното.

Меѓутоа украинските власти отфрлаат било каков ризик од радијација предизвикана од ново настанатиот пожар.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста