Нови отпуштања од работа и затварање на конфекции во Источниот Регион

Нови отпуштања од работа и затварање на конфекции во Источниот Регион

 Нови отпуштања од работа и затварање на конфекции во Источниот Регион.  На текстилната гранка и претстои уште една тешка година полна со неизвестност.  Дваесетина работнички  во Гласен текстилец веќе се пожалиле дека поради намалување на производството, нема да им биде продолжен договорот за работа. Други работници пак биле приморувани да се потпишат за трансформација од неопределено на определено работно време.

    „Се надевам дека работниците ќе бидат внимателни при било какви трансформации. Бидејќи ако има намален обем на работа повторно морам да потенцирам дека во Законот за работни односи децидно стои дека доколку фирмата, работодавачот се соочува со сериозни потешкотии во работењето и треба да го намали бројот на вработени тоа се прави со соодветна консултација со преставници од синдикатите, но и меѓутоа дека треба да им исплати испратнини согласно стажот на работниците во тие фирми„ изјави Кристина Ампева од Здружението Гласен текстилец„.

Близкиот Исток и понатаму претставува сериозна конкуренција, која нелојално и се спротиставува на македонската работна сила. Сериозна е состојбата, посебно во помалите текстилни компании во Источниот Регион. Дел од европските партнери веќе си заминале и своите налози ги пренасочиле во Бангладеш или Виетнам.

   „Голем број компании си заминаа од кај нас. Помалите компании одвај живуркаат. Имаат проблеми, посебно оние во Македонска Каменица, Штип. Не знаат како ќе продолжат. Се надеват дека ќе најдат нови купци, ама тоа многу тешко. Странците се свесни дека ние немаме млада работна сила и затоа на долг рок, губат интерес за работа во Македонија„ изјави Ангел Димитров, од Организација на работодавачи.

Проекциите за 2024 не влеваат оптимизам кај стопанствениците. И годинава во оваа гранка се очекува пад на бројот на работници и индустриското производство од 3-5%. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста