Нови наставни програми: Националната припадност Македонец, ќе се сведе на етничка припадност, професорите велат ова е геноцид

Македонскиот народ исчезнува од учебниците за четврто одделение – наместо тоа, децата ќе учат за „ идентитет на граѓанин на Република Северна Македонија. Во програмата која Бирото за развој на образование ја објави за време на празничен викенд, македонец/македонка не е национална припадност туку пример за етничка припадност заедно во графата со другите етнички групи во Македонија. Ова спроед дел од експертите е се геноцид во дигитална форма на македонската историја и народ“ . Предметот кој предизвика многу негативни реакции во јавноста, сега наречен „Историја и општеството“ ја доби новата наставна програма за четврто одделение. Темите кои ќе се обработуваат се назначени како „Моето опкружување“, „Средината во која живеам“ и „Мојата држава“.

Сосем се јасни целите на оваа власт и Мила Царовска. Тие укинуваат еден народ, ова е геноцид во дигитална форма на еден народ – вели поранешна наставничка во ООУ „Коле Неделковски“ Пепица Павлова.

Објавената програма за четврто одделение уште еднаш покажа дека дигитализацијата дефинитивно ќе се  спроведе – и покрај негодувањата на учениците, апелите на стручната фела и протестите на родителите. Павлова предупредува дека тоа ќе биде штетно за здравјето на учениците, и ништо не може да го замени стандардниот учебник од кој учеле сите претходни генерации.

Тие толку многу флоскули од типот современо образование се празни, на мак деца им е потребно образование по нивна мерка. Јас сум против дигитализација, ќе го оштетуваме нивното здравје, нивниот централен нервен систем, нивните очи – додава Павлова.

Во предметот Историја и општество, учениците ќе учат за Крушевската република и Крушевски манифест , АСНОМ, НОБ, создавање на македонската современа држава, како и за сите државни институции и симболи. Се насочува  кон мултикултурализмот и препознавање на обележјата на другите етнички групи.  

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста