Нови моменти: Обвинението против Камчев и другите за „Плацовите на Водно“ не смеело да биде воопшто покренато

Кривичниот процес и обвинителниот акт против Орце Камчев и другите обвинети за случајот „Плацовите на Водно“, законски воопшто не смеел ниту да биде покренат, смета одбраната на бизнисменот. Според адвокатот Еленко Миланов обвинението е поднесено врз основа на  изјава на првообвинетиот Никола Груевски, во предистражната постапка, кога воопшто тој не бил испитуван за делото перење пари, кое сега им се става на товар на обвинетите, туку за злоупотреба. Па поради тоа според Миланов таа изјава не може да биде земена за веродостојна за почеток на овој кривичен процес.

-Неспорен факт е дека оваа постапка која што стои во документацијата, која што во судот е започната со наредба за спроведување на истрага која што е донесена на 16-ти октомври 2020-та година. Во тој момент, кога оваа наредба како посебен предмет е отворена постапката и тој воопшто не можел да биде сослушан во врска со овој предмет, изјави Миланов.

Миланов најави и дека ќе биде побарано изземање на обвинителката Лиле Стефанова, поради сомнеж за пристраност во овој случај. Тој потенцира дека токму таа била застапник на инфицираниот процес „Империја“, поради кој поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева е во затвор правосилно осудена на седум години затвор, за изнуда на пари од Камчев.

-Најверојатно како одбрана ќе одиме со барање за изземање на во однос на застапникот на обвинението, бидејќи сметаме дека има реални основи за сомневање во нејзината непристрасност, односно пристрасност. Ќе побараме изземање на обвинителсто, каква ќе биде одлуката на Одделението за организиран криминал, веројатно ќе дознаеме и ние и вие кога ќе биде направена, изјави Миланов.

Миланов потврди дека поради лошата здравствена состојба на Камчев поднеле гаранција од 1,7 милиони евра во недвижности и 200.000 во готовина за тој да излезе од Шутка. Ова е втора ваква гаранција, откако првата беше, а за оваа сега негативно мислење даде Обвинителството. Покрај Груевски и Камчев, во овој случај обвинети се и мајката на бизнисменот, Ратка Камчева, Сашо Мијалков и екс кумот на Груевски, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста