Нови корона рестриктивни мерки на Балканот и во светот

Грција ќе затвори еден граничен премин со Албанија и воведува ковид- тестови на сите што влегуваат во земјата, објави Грчката влада откако се  влоши епидемиолошката состојбата во северна Грција. Секој ШТО ќе влезе во земјата треба да покаже негативен PCR-тест направен не повеќе од 72 часа пред да влезе во Грција, а потоа ќе биде тестиран И по пристигнувањето.. Најновите мерки стапија на сила  изутрината, а владиниот потпарол Пецас побара од граѓаните да ги почитуваат мерките.

Бројот на заразени во грција  драстично се зголеми во претходните недели, поради што беа воведени ригорозни рестриктивни мерки..
Нова седница на српскиот Кризен штаб  се одржува утрово поради моменталната неповолна епидемиолошка состојба.

Во Србија вчера беше регистриран најголем број на заразени лица од почетокот на пандемијата – 6.109, а починаа 29 лица за 24 часа. На респиратор се 186 пациенти, соопшти српското министерство за здравство. Како што пишуваат спрските медиуми можно е дополнително скратување на работното време на трговците и угостителите до 18 часот, ќе се разгледува и дали да се зголеми растојанието на повеќе од два метра, што посебно се оденсува за клубовите и продавниците. Кризниот штаб ќе ја разгледа и состојбата во градинките и училиштата.

Алармантно е тоа што,  веќе нема место за пациентите од Белград во белградските болници, па мораат да ги транспортираат во помалите градови, а  и таму веќе местата се речиси пополнети. Состојбата не е вонредна, веќе е катастрофална, на чекор сме до „италијанското сценарио“, вели српскиот епидемиолог Предраг Кон.

Словенечката Влада, повторно ја  продолжи за уште седум дена забраната за работа на продавници кои не се од суштинско значење и забраната за културни настани.

Исклучок од трговската забрана се продавниците за храна, продавниците за лична нега и производи за чистење или земјоделски производи, аптеки, бензински пумпи, банки и осигурителни компании, пошти, продавници за поправки на автомобили и услуги за достава.

Поради зголемениот број на случаи со коронавирус, и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави нови построги мерки на владина седница.

Шефот на Националниот штаб за цивилна заштита, Давор Божиновиќ, изјави дека построгите мерки за спречување на ширење на коронавирусот ќе се однесуваат на јавни собири, работно време на угостителски објекти, на работа од дома и воведување работа во смени онаму каде што е можно.

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, рече дека има „мал знак“ за забавување на случаите на коронавирусот на континентот.

Би требало да ја видиме светлината на крајот од тунелот, но ова ќе бидат тешки шест месеци“, вели  Клуге.

Тој рече дека експоненцијалниот скок на случаите на коронавирусот низ европскиот континент го оправдува преземањето рестриктивни мерки и додаде дека овие мерки се „апсолутно неопходни“ за да се запре пандемијата.

Во Соединетите држави, Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусам нареди воведување вечерен полициски час од утре во поголемиот дел на американска сојузна држава, по зголемувањето на бројот на нови случаи на коронавирус. Полицискиот час ќе трае од 22 до 5 часот наутро, а новите мерки ќе опфатат 94 отсто од жителите на Калифорнија.Наредбата, која ќе биде во сила еден месец, го ограничува бројот на луѓе на домашни собири и активности надвор од домот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста