Нови корона рестрикции и мерки на Балканот – Македонија опуштена

Србија во 16 града прогласи вонредна состојба поради влошување на епидемиолошката состојба. Косово бележи рекордни бројки на заболени – и ги натера властите да воведат полициски час. Црна Гора пак се одлучи на карантин за српските државјани, Грција вчера ги спушти рампите за Србите, но и забрани летови меѓу Грција и Србија. Македонските власти уште предизборно се колебаат. Тензичниот амбиент на дискусии во Комисијата за заразни болести не произведе одлука. Деновиве пак ќе разговарале дали ќе бараат ПСР тестови и изолација од 14 дена за влез во Македонија од Србија и Косово.

Епидемиологот Даниловски за Алфа вели дека треба да се алармира за прашањето со границите. Во најмала рака услов за влез во земјава странските државјани да приложат негативен корона тест.

“Косово и Србија се наоѓаат во многу полоша корона ситуација во споредба со Македонија. Во однос на границите, не би било добро да се затворат целосно. Најдобар избор, како услов за влез во Македонија, надлежните треба да се одлучат – патниците да приложат Ковид негативен тест не постар од три дена, тоа е многу подобар варијанта отколку 14 дневен карантин за секој кој што ќе влезе во земјава.” – вели епидемиологот Драган Даниловски.

Во меѓувреме Филипче најави полош бран на есен што посилно и побрзо ќе се ширел.

Инаку, Македонија се уште живее под студениот туш од Брисел со затворени граници за македонците во земјите членки на ЕУ.

Македонските граѓани без тест и карантин може да патуваат само во Србија, Албанија, Косово и Турција, а кај нас може да влезе странски државјанин без да се тестира и да оди во задолжителна самоизолација. Дали ќе има промени во рестрикциите, односно можностите за ние да патуваме во земјите од ЕУ, вклучително и Грција ќе биде познато по изборите.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста