Нови избори, стари кадри- носителите на листите од СДСМ поврзани со афери и скандали

Нови избори, стари кадри- носителите на листите од СДСМ поврзани со афери и скандали

Нови избори, стари кадри. На изборното соочување во мај, гласачите нема да бидат изненадени од понудените носители на листите. Според неофицијални извори на Алфа, додека СДСМ чекаат на одговор од ДУИ дали заеднички ќе настапат на изборите, а се поверојатно е дека интегративците сами ќе настапат, оти веќе се одвоија и на претседателските избори, СДСМ веќе ги имаат контурите на нивната изборна листа.

Во првата изборна единица се очекува да се судрат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Според инфромации во јавноста, втора на листата во оваа изборна единица односно во тандем со Ковачевски би настапила претседателката на партијата ЛДП, Моника Зајкова.

На изборната едница 2, како и вообичаено ќе биде министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашање е дали тој ќе го прифати ова откако неговата матична партија го извиси за претседателската кандидатура. А прашање е и колку гласови тој би можел да повлече по скандалите во МВР, особено последниот каде над 650 000 граѓани останаа заробени во државата, оти од министерството не набавиле образци. Тандем со него, неофицијално, би била Сања Лукаревска.

Љупчо Николовски, министерот за земјоделие, кој според дел од земјоделците ништо не направил да им го подобри животот, ќе биде на чело на третата изборна едница.

Според неофицијалните информации до кои стигна Алфа, во 4ката се’ уште нема дефинирано кој ќе биде конечниот носител, но се споменуваат имињата на поранешениот министер за здравство Венко Филипче , а втора на листата би била претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јованка Тренчевска.

Во 5-ката носител би бил, бившиот координатор на пратеничката група на СДСМ, но и актуелен претседател на Собранието во техничката влада, Јован Митревски. Со него би била и минситерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која стана најпозната откако отиде во собранието позитивна на ковид, да гласа во корист на СДСМ со скафандер.

А во ИЕ 6, носител, според непотврдени информации би бил генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, а со него во тимот би бил и претседателот на СДММ, Марко Михаилоски.

Ова се имињата со кои СДСМ би настапиле, ако партијата на Ахмети ги одбие за заеднички да настапат на изборите. Се поверојатната негативната одлука на Ахмети би била заради зачувување на неговото гласачко тело, бидејќи здружената албанска опозиција претставува сериозна опасност за намалување на гласовите на ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ пак според неофицијални информации, во изборната едница 2 би настапиле со  еден од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ,односно Владо Мисајловски, додека пак за во тројката, се шпекулира дека можен носител е пратеникот Драган Ковачки.

Албанската опозиција пак сеуште ги прават листите, според извори на Алфа, носител на првата изборна едница ќе биде лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, за изборните едници 2, 3 и 4 се уште се правеле анкети, а во 5ката носител би бил потпретседателот на БЕСА, Фатмир Лимани, додека пак Билал Касами, претседателот на БЕСА, но и градоначалник на Тетово би бил носител во 6-ката.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста