Нови фрапантни информации за „Мафија“: Борци на ИСИС со македонски пасоши?!

Македонски пасоши со туѓо име добивале и припадници на ИСИС. Во продолжение на аферата „Мафија“, опозицијата открива дека македонска патна исправа со туѓ идентитет, добил и Фитим Дема. Тој во Косово се бара за издржување казна затвор поради учество во терористичка група и странска војска. Во февруари 2019-та година тој бил уапсен на пристаништето во Валона, во обид со македонски пасош, со траект да избега за Бриндизи, Италија.

-Во Сирија бил познат како еден од најблиските соработници на Љавдрим Мухаџери, еден од најпознатите членови на ИСИС и на оваа терористичка организација од регионот. Фитим Дема бил баран за издржување на затворска казна за учество во терористичка група и учество во странска војска од страна на судот во Приштина. Во март 2018-та година им побегнал на косовските власти. И во 2018-та година исто така успеал да извади македонски пасош со лажен идентитет, изјави Милошоски.

Милошоски предупредува дека Спасовски и Заев ја претвориле Македонија во логистички центар, каде што оние кои имале намера да му избегаат на Интерпол или на нивните држави, добиваат прибежиште кај нас и бесплатна лажна исправа за да можат да се заштитат.

-Давањето на македонски пасоши на лица, припадници на ИСИС како терористичка организација не само што ја загрозува безбедноста на Македонија и регионот туку ги загрозува и интересите на сите земји членки на НАТО и ЕУ. Ваквото делување не можело да помине без знаење на највисоките раководни структури во МВР, изјави Милошоски.

Инаку, покрај Дема, опозицијата последниов период објави повеќе имиња, познати регионални и европски криминалци и нарко босови кои добиле македонски пасоши, како што е Седат Пекер, Јован Вукотиќ, Валид Иса Хмаис, Флоријан Мусаи, Стефан Ѓукиќ и Луи Волина. Опозицијата бара одговорност од највисоките структури во власта, но засега за случајот паднаа само вработени во пасошкото одделение во МВР. За некои од нив јавноста е сведок дека блие блиски со министерот Спасовски. Кружат фотографии кои покажуаваат блискост со лица од власта. Засега, за овие дилеми нема какви било одговори.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста