НОВИ ДВА ОДЛОЖЕНИ ДУЕЛА ВО НБА ЛИГАТА, ПРИЧИНА Е КОРОНАТА

НБА синоќа одложи уште два меча заради КОВИД 19, а денеска ќе дебатира што и како натаму иако нема збор за прекин на НБА шампионатот. Синоќа не се играше мечот меѓу Далас и Њу Орлеанс затоа што Мавси имаат еден заразен, тројца во изолација и уште неколку повредени, а денеска нема да се игра дуелот на Чикаго и Бостон затоа што Селтикси имаат дури 8 заразени. Од одиграното синоќа издвојуваме. Гордон Хејворд имаше 34 поени во победата на Шарлот со Њујорк од 109-88, Паскал Сиакам заврши со трипл дабл од 22 коша, 13 скока и 10 асистенции во поразот на Торонто од Портланд 112-111, а Бредли Бил го доби по два основа дуелот со Девин Букер затоа што имаше 34, еден поен повеќе од играчот на Санси, а Вашингтон го победи Феникс со 128-107.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста