Нови детали за вооружената престрелка во Скопје- едно лице приведено, полицијата трага по уште две

Полицијата неофицијално привела едно лице, а по двајца се трага кои биле вмешани во вооружената престрелка, која попладнево се случи на улицата Ордан Чопела.

Според неофицијалните информации на Алфа повреденото лице Б.Б. со возило Голф 4 со црна боја било оставено во Градската болница, а автомобилот веднаш избегал од лице место.