Нови шестмина осомничени за „Рекет“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја прошири истрагата за случајот „Рекет“ за уште пет физички лица и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „Измама“.

Донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „Измама, а станатите лица се сомничат дека помагале при извршување на кривичното дело.

Правното лице се сомничи дека сторило кривично дело „Измама“ по член 247 став 8 во врска со став 4, врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во моментов се одвива акција на повеќе локации и како што се најавува осомничените денеска ќе бидат изведен пред судија на претходна постапка.

Невладината организација на Бојан Јвановски е вмешана во финансиски манипулации со градежни бизнисмени за изградба на старински домови.

Од ОЈО за утре најавија дека ќе биде поднесен обвинителен предлог за 3-ца осомничени за рекетот на бизнисменот Орцее Канмчев, и тоа за Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец.