Нови „бомби“: Заев преку посредник преговарал со Мијалков во 2016 година?

Нови аудио бомби со уцени. Утрово на Јутјуб одекнаа аудио материјали во кои наводно се слуша гласот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, како договара против законски активности. Како што пренесуваат дел од медиумите, во бомбите се слуша како лицето за кое се тврди дека е Заев, преку трет човек, наводно бара против услуга од екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, за да не објави компромитирачки разговори за него. Тој за возврат бара финансиската полиција, да доставела чист извештај за работата на Општина Струмица.

Зоран Заев: Јас преговарав со Сашо. Со Сашо кога се гледавме…

ХХ: Еве јас ако ти ветам дека ќе…м?

Зоран Заев: Нека пушти решение бе, финансовата инспекција писмено решение, дека во општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо.

ХХ: Добро, чекај да запишам. Значи, да се пушти решение до општина Струмица, од која институција, од кои сектори?

Зоран Заев: Финансова полиција. се е регуларно, се е согласно закон. Еве што ти викам, нека повлечат се…они ме принудуваат на такви работи. Значи да не заврши да не доаѓаат, туку решение дека е завршено океј нема да го подготвам пакетот, да тепам во тој правец и нема проблем. Нека повлечат се со решение.

Во второто аудио, како што пренесуваат порталите, се споменува и името на актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, како дел од разговор за можни кадровски решенија. Во снимката, лицето за кое се тврди дека е Заев, признава оти Шилегов делувал противзаконски.

Зоран Заев: Шилегов и Оливер излегле директно мавајќи по власта. Не знам во политиката што повеќе да очекувам.

ХХ: Шилегов?

Зоран Заев: Маваше.

ХХ: Второстепена комисија. Трпај пари и уживај, капата на криво. И свиркај си.

Зоран Заев: Немам дилема околу тоа, јасно ми е. Што бил, како правел.

Во меѓувреме, нова аудио снимка се појави на јутјуб-каналот „Обнова на режимот“, во која наводно се слуша разговор помеѓу функционерите на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски и Миле Јанакиевски.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста