Нови блескави партии на Јокиќ и Дончиќ, Кари на десет тројки до рекордот на Ален

Денвер го надигра Њу Орлеанс со 120-114 по едно продолжение во највозбудливиот меч од утринската НБА програма. Пред се поради неверојатниот Никола Јокиќ со 39 поени и по 11 скока и асистенции, што е негов 61ви трипл-дабл во кариерата. Во центарот на вниманието беше уште еден Балканец, Лука Дончиќ, кој со 26 поени, осум скока и седум асистенции го предводеше Далас до победа над Мемфис со 104-96. За издвојување е Стеф Кари и неговиот учинок од шест тројки во победата на Голден стејт против Портланд, со кои стигна до бројката од 2. 964 прецизни шутеви од полето за три, па сега му фалат уште само десет да го надмине рекордот на Реј Ален.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста