Нови 22 лица стави САД на списокот за санкции против Русија

САД додадоа 18 физички и четири правни лица на листата за санкции против Русија, се наведува на веб-страницата на американското Министерство за финансии. Мерката е донесена „како одговор на континуираната неусогласеност на Русија со меѓународните норми”. Меѓу санкционираните се двајцата Руси осомничени за труење на поранешниот руски разузнавачки агент, кој стана двоен агент, Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбери, Велика Британија. Тоа се Анатолиј Чепа, познат како Руслан Боширов, и Александар Мишкин, познат како Александар Петров. Во соопштението тие се наречени „офицери на ГРУ одговорни за обидот за атентат врз Сергеј Скрипал и неговата ќерка” .На црната листа се додадени вкупно 15 агенти на Главната управа (ГИ)– руското воено разузнавање, што е попозната под старото име, Главната разузнавачка агенција (ГРУ). Освен Чепига и Мишкин, други девет вработени во ГИ се санкционирани поради интервенцијата во американските претседателски избори, а четворица – за сајбер напади против Светската антидопинг агенција и Организацијата за забрана на хемиското оружје.