Нови 175 инфицирани лица, 5 починати и 18 излекувани е ковид билансот во земјава во последните 24 часа

Нови 175 инфицирани лица, пет починати и 18 излекувани е ковид билансот во земјава во последните 24 часа, се вели во соопштението на Министерството за здравство (МЗ). Од таму информираат дека во изминатото деноноќие се направени 971 тест, при се детектирани 131 случај во Скопје, 24 во Куманово, пет во Тетово, четири во Велес, по два во Штип, во Прилеп, во Струга, во Гостивар и во Свети Николе и еден во Охрид.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира 18 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 12, во Штип – 1, во Тетово – 3 и во Велес – 2. Денеска се регистрирани и пет смртни случаи, кај тројца пациенти од Скопје и по еден од Гостивар и од Прилеп.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп на возраст од 72 години. Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје – 60 годишна пациентка која била примена на 5 јуни, пациент на возраст од 64 години кој бил хоспитализиран на 8 јуни и 59 годишен пациент кој бил примен на 8 јуни и пациент од Гостивар на возраст од 72 години примен на 30 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати е 169, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 1687. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 1.592, активни 960
Куманово – 597, активни 179
Дебар – 53, активни 2
Штип – 227, активни 187
Прилеп – 222, активни 27
Тетово – 317, активни 147
Струга – 111, активни 36
Велес – 149, активни 29
Битола – 30, активни 3
Охрид – 46, активни 29
Кавадарци – 6, активни 1
Гостивар – 54, активни 31
Гевгелија – 6, активни 2
Струмица – 7, активни 4
Крива Паланка – 7, активни 1
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 53, активни 22
Пробиштип – 11, активни 9
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 0
Берово – 2, активни 1
Валандово – 3, активни 2
Виница – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 3, активни 1
Свети Николе – 5, активни 4
Кичево – 3, активни 1
Ресен – 1, активни 1
Неготино – 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 971 теста се преку ИЈЗ – 334, преку ЦЈЗ Скопје – 30, преку „Авицена“ – 136, преку „Биотек“ – 121, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 120, преку „Систина“ со PCR метода – 93 и преку МАНУ – 137. Досега во земјата се направени вкупно 40.004 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 11 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ се примени 22 нови, а вкупно се хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера

Чаир – 209
Бутел – 76
Аеродром – 75
Гази Баба – 75
Центар – 73
Карпош – 72
Сарај – 64
Кисела Вода – 43
Ѓорче Петров – 35
Шуто Оризари – 26
Студеничани – 24
Арачиново – 24
Илинден – 19
Петровец – 6
Чучер Сандево – 4
Сопиште – 2
Странец – 2

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста