Новата влада почна со работа, Мицкоски најави подигнување на стандардите во првите 100 дена
13-тиот премиер на Македонија, Христијан Мицкоски седна на премиерското столче на Илинденска број 2. Тој ја презеде функцијата од досегашниот технички премиер Талат Џафери кој му честитал на Мицкоски и му посакал успешен мандат. Новиот премиер пред влезот на Владата беше пречекан од шефот на кабинет Владимир Нелоски и Игор Јанушев чие име се споменува за генерален сектретар. Мицкоски вети дека ќе ги почитува принципите на транспарентност, одговорност и напредок
. Новата Влада ќе има сериозни предизвици и проблеми за решавање. Нивниот фокус и најтешка задача ќе биде подигнување на стандардот на граѓаните. Во својата програма предвидуваат раст од 5 отсто до 2028 годинам реализација на капитални инвестиции од 3 милијарди евра и намалување на стапката на невработеност на 7,5 отсто.
Во речиси сите минстерства имаше церемонија на примопредавање на функциите, по што министрите веднаш почнаа со работа, онаму каде има најголеми проблеми во нивниот ресор. Владо Мисајловски застанува на чело на Армијата со ветување дека ќе го врати достоинството на војниците.
Новиот министер за транспорт пак се обврза за реализација на значајни инфраструктурни проекти. Покрај нови километри автопатишта, Александар Николоски има задача да ги доврши веќе започнатите заглавени проекти
Хаосот со личните документи со издавање на лични документи е приоритет на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Првиот полицаец зема заложба издавањето на документи да се врати во редовна постапка до септември
Првите часови на работа, новиот министер за здравство беше во обиколка на хирушките сали кои се уште не се во функција, тој се надева дека до петок ќе може да донесе одлука како да се решава проблемот. Таравари веќе потпиша за разрешување на одреден број на економски директори на клиниките на кои им е истечен мандатот.
Зоран Љутков со букет цвеќе ја испрати досегашната министерка за култура Бисера Костадиноска Стојческа и седна на чело на ресорот туризам и култура. Фатмир Бесими ја предаде државната каса на Гордана Димитриеска Кочоска, а на средбата се констатирало дека е најважно да се спроведат реформи.
Игор Филков денеска ја презеде функцијата министер за правда …Весна Јаневска од денеска е министерка за образование, ….Нејзината задача ќе е модернизација на образованието и стимулација на научно – истражувачката дејност.
Во новата влада тројца министри ќе бидат без ресори, а премиерот ќе има пет заменици.