Новата делта варијанта ќе затропа и на македонска врата?

Нова закана од новата мутација на ковид-19 во светот. Новиот делта сој на коронавирусот (AY.4.2) кој важи за 15% позразен од основната делта мутација од ден на ден, се шири во повеќе земји. Засега во регионот нема регистриран таков случај, но не е исклучена можноста од тоа, со оглед дека во Австрија веќе се зголемува бројот на случаи на инфекција со новиот делта сој. Лекарите стравуваат дека новата форма на ковид ќе ја потисне основната варијанта “делта”.

Дали Македонија треба да се плаши и да се заштити од новиот сој?Според докторите, секоја нова мутација треба да не загрижува и затоа е неопходно навремено да бидеме заштитени. Дополнително ја коплицира и целата ситуација во земјава што дневните бројки на заразени повторно растат а опаѓа и бројот на вакцинирани граѓани. Ова го призна и министерот за здравство Венко Филипче. Докторите не ја исклучуваат можноста за појава на нова мутација на ковид но дали ќе биде доминантна велат, никој не знае.

“Мојата група на професионалци,тврдо сугерираат дека до крајот на ноември или декември би требало да исчезне делта бранот и новите случаи да бидат намалени до доста ниско ниво. Колку ниско тоа најверојатно е некаде каде што земјата беше на почетокот од јуни, јули… и пред да се залета делта. Ова звучи многу убаво вака но предвидувањето има големо “но”. Претпоставката ни е дека нема да имаме нова варијанта и ако ги затвориме границите навремено ние тоа можеме да го спречиме. Ако добиеме нова варијанта за која има или поголема преносливост или има имунолошки потенцијал за да го избегне антителото од претходните создадени антитела тогаш ќе видиме повторно оживување на пандемијата.” – вели д-р Илчо Ефкоски.

Инаку, според најновата анализа на МЗ, во период од 06 август заклучно со 21 октомври на територија на државата 42.945 граѓанин биле позитивни на Ковид- 19, од нив 26 отсто биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица. Според статистика за изминатиов период 31.692 граѓани, односно 74 отсто од позитивните на Ковид -19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76 проценти, додека само 24 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно имунизирани.

Ања Василева

Advertisements