Новак Ѓоковиќ позитивен на Корона вирус

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се позитивни на корна вирус. Ова е исходот од тестовите кои ги направи тенисерот во Белград. Во соопштението се наведува дека двете малолетни деца на светскиот рекет број еден имаат негативни резултати, но не е таков случајот со нивните родители. Ѓоковиќ и пред објавувањет на информацијата, беше на удар на голем број медиуми поради организацијата на Адрија турот, кој беше прекинат изминатиот викенд поради позитивен тест на еден од учесниците. Во меѓувреме се откриваат деталите, па според најновите информации бугарскиот тенисер Григор Димитров се одлучил да настапи на споменатиот настан иако неколку дена претходно чувствувал одредени здравствени симптоми, но не пристапил одговорно и не направил тест. Димитров пристигнал во Белград од САД земја со широка трансмисија на Ковид 19 и огромен број на заразени. Бугарскиот  тенисер не направил тест ниту пред доаѓањето во Задар иако бил во својата матична земја по завршувањето на настапите во Белград. Дури откако почувствувал поголема исцрпеност во Задар одлучил да ја напушти Хрватска и да се врати во неговиот дом во Монако каде беше утврдено со тест дека е позитивен на корона вирус. Веста го стопираше Адриа турот кој стигна до неделното финале, затвори цел угостителски објект во Задар, принуди неколку десетици луѓе на самоизолација, позитивни тестови во меѓувреме имаа уште и тренерот на Димитров, хрватот Борна Чориќ, како и кондицискиот тренер на Ѓоковиќ, а нештата сега може да добијат уште подраматичен развој откако се потврди дека е позитивен и најдобриот тенисер на планетата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста