Нова влада со половина стари лица-Kовачевски го поднесе мандатот, собраниската седница закажана за сабота

Старо – нови имиња во тимот на мандатарот Димитар Ковачевски. Списокот со новите министри веќе е во кабинетот на собранискиот спикер  Талат Џафери, а гласањето по предлогот за формирање нова влада веќе се ставени на седница која е закажана за сабота во 11 часот. Ковачевски уверува дека луѓето кои одбра да бидат дел од неговиот кабинет  имале професионален капацитет, чесност и желба да работат за граѓаните и општеството.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски реагира дека новата влада е со истите лица чии политики беа поразени. Во изјава за Дојче Веле предупредува оваа влада го загуби кредибилитетот од народот уште на локалните избори кои што беа своевиден дебакл на сите политики на актуелната влада.

-Ова е влада која е континуитет на таа на Заев, без нова свежина и енергија. Влада која ги има и истите ветувања како и Заев, без план и стратегија – како понатаму. Истите зборови и истите флоскули. Оваа е влада каде формално стои СДСМ, а реално е предводена од ДУИ, потпомогната со триото ЛДП, ДОМ и ДС, кои поради сопствениот комодитет поддржуваат влада на криминал. Затоа излезот е избори што побргу, сериозни реформи за излез од кризата, и борба за нова иднина“, вели Мицкоски.

Опозицијата реагира дека Ковачевски со истрошени кадри ќе донесе само порази на Македонија, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Потпретседателот на партијата Александар Николовски вели дека овој состав не е нова влада, туку влада на континуитет во којашто доминираат Зоран Заев , Оливер Спасовски и политичката партија ДУИ.

-Од она што можеше да се чуе како предлог на влада цврстиот впечаток е дека оваа е влада на исти луѓе, со исти вредности кои донесоа порази на државата, ја направија најкорумпирана во Европа, со огромна сиромаштија, ниски плати, со високи цени на производи, и со веќе многу извесна енергетска и економска криза. Ова е предлог на влада која Ковачевски ја поднесува, а Зоран Заев ја потпишува.Во самиот состав може да се забележи и конфликтот меѓу различните групации коишто постојат во СДСМ, така што се сведува на расчистување на клановски битки од една страна, од друга страна еден целосен контитуитет на кадрите на ДУИ, коишто домираат и во оваа влада и насадената Алтернатива и неизбежниот „плата ол пломо“ Кастриот Реџепи, вели Николовски.

Во новиот владин состав влегуваат пет нови имиња, од кои четири од нив се жени – Никола Тупанчевски, Славјанка Петровска, Славица Грковска, Јована Тренчевска и Бисера Костадиновска-Стојчевска. На Старите позиции остануваат или ротираат – Љупчо Николовски , Оливер Спасовски, Горан Милевски, Фатмир Битиќи и Благој Бочварски и Бојан Маричиќ. На својата позиција ќе остане и Горан Милевски од ЛДП.  ДУИ останува со истиот кадровски состав во Владата со тоа што Јетон Шаќири ќе се пресли во образование. Алтернатива влегува во здравство со Беким Сали додека Алити и Чупи ќе ги водат министерствата за администрација и она без ресор задолжено за дијаспора.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста