Нова студија за загадувањето во Скопје, Министерството за животна средина пак само ветува решенија

Загревањето на домаќинствата, транспортот ,  индустријата, но и греењето на училиштата и државните институции се главните фактори кои придонесуваат за загадувањето на главниот град. Ова го покажаа резултатите од студијата за пропорционирање на загадувачите на воздухот во градот Скопје.

Експертите препорачуваат мерки како  промена на начинот на загревање во државните, но и во приватните институциии кои можат да дадат резултати во пократок рок.  Како што најави градоначалничката Арсовска, од наредната година се очекува во сите средни училшта да бидат инсталирани соларни системи.

Јавните повици кои се во Град скопје во континуитет се објавуваат во изминатите 10 –тина години координирано продолжуваат за да им се овозможи на граѓаните да се прилагодат на греењето во зимските месеци. За нас е најдобро се преоринтираат кон она што е поодржливо и ќе го намали загадувањето во градот, но мора да имаме предвид дека дел од нив немаат таква можност.  Отпочнавме со мерки со кои  ќе се овозможи енергетска ефикасност на овие опбјекти прилагодување кон она што го има во дел од училиштата. Се надеваме дека до крајот ма годината, почетокот на следната година сите средни училишта да бидат ставени во овие системи, порача Градоначалничката Данела Арсовска.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање повторно само ветувања: за засилен инспекциски надзор и изградба на гасоводот за кој временската рамка е 4 години.   

Био масата е една од најголемите загадувачи во Скопје, исто така и транспортот еден од најголемиот проблем. Гасоводната траса е речиси целосно направена, а најдоцна за шест месеци треба да биде потпишан договорот со изведувач за да започне и втората фаза за изградба на гасоводната мрежа, изјави министерот за животна средина, 

Временската рамка на студијата е од октомври 2020 до ноември 2021 година.  

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста