Нова сезона ама стари маки за пченичната жетва

Жетвата на пченицата е започната, но старата судбина на лебното зрно пак се повторува, бидејќи с`е уште нема дефинитивен договор за откупната цена  помеѓу мелничарите и земјоделците.  Во овој момент, мелничарите сметаат дека нивна реална понуда за производителите на пченица може да биде  од 8,5 до 10 денари по килограм, што земјоделците ќе ги доведе до целосен колапс. Од друга страна, неколку години власта ветуваше дополнителни 2,5 денари, меѓутоа ресорниот министер смета дека тоа е уцена од откупувачите и нема тоа да го дозволи.

-Уцени и таков пристап нема да се прифати од државата, веќе има поместување во нивните ставови и следната недела ќе имаме состанок.  Тоа што го кажувате, цените на берза на светско ниво и во регионот растат и тоа треба да биде тренд и тука производителите да ги добијат тие или слични цени. Што и дса преземаме ниекако држава и министерство со субвенционирање, тоа не треба да се сфати како причина за намалување цената од страна на мелничарите кон земјоделците. Што и да биде, ние треба да бидеме поконкуретни на пазарот и пошироко- рече министерот Аријаднит Хоџа. Во врска со оваа недефинирана и неизвесна состојба околу откупот на пченицата, министерот Хоџа кој денеска присуствуваше на отпочнувањето на жетвата во ЗК „Пелагонија“ како најголем производител на харана во Македонија, тој искажа оптимизам заради зголемувањето на површините со пченица во однос на лани за 7 проценти. Меѓутоа, неофицијалните бројки за кои се зборува и молчи се дека годинава под пченица се околу 80. 000 ха, со очекувана реколта од 200. 000 тони, или со дефицит од 150. 000 тони во вкупните потреби. Поради ценовниот диспаритет, последниве години се откупуваа од 100- 120. 000 тони, а останатото завршувало како добиточна храна. Се разбира, под закрила на протоколите од  ЦЕФТА, во Македонија од Србија се увезува висококвалитетно брашно за само 14 денари по принцип франко- истоварено, што домашниот мелнички бизнис го фрла на плеќи.          

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста