Нова опасност од пожари во Кочанско: Земјоделци се закануваат дека ќе ги палат оризовите слами

Нова опасност од пожари го демне кочанско. И по оваа жетва, земјоделците ќе ја запалат оризовата слама. Иако се свесни дека  прават големи штети врз животинскиот свет и воздухот, велат друго чаре немат, освен да го фрлат кибритот.  

 „Оризовата слама е специфична. Не се капе, може да стои и по две години. Ако не ја тргнеме од полето оризот нема да никнеТеренот е многу мокар. Може да се исцеди само нивата до патот, а тие што се повнатре, кај нив е кал до колена дури до април. Нашето поле е водно поле. Кај нас водата е на 30см.  Брегалница е на ниво со нашето поле. Секогаш е влажно. Кај Мојанци влегувала машина и ја балирала сламата, но кај нас не може„-велат оризопроизводителите од Спанчево.

Палењето на стрништа е казниво со закон, а во најголем дел сторителите не се откриваат. Еко активистите алармираат  наместо казни,  сериозна едукација со што на земјоделците ќе им се укаже дека има и друг начин за уништување на сламата во нивните ниви..

 „Да се  најде решение кое ќе биде добро и за земјоделците и за граѓаните кои живеат во околината. Бидејќи ако инсистираме за казни , а не дадеме алтернатива тоа се вика репресија . па поради тоа треба да најдеме начин кој ќе биде прифатлив за сите„ изјави Зоран Тодоров од здружението„Здрав живот„ од Кочани.

За разлика од кај нас каде што од сламата  се ослободуваат исклучиво горејќи ја, во странство земјоделците тоа го прават со прскање на азот, или истата ја  претвораат во енергија. На почетокот од месецот поради стрништа во Чешиново изгореа над 20 хектари. Овој пожар во кој одвај жива глава спаси четиричлено семејство приклештено во автомобил, беше само предвесник на огнената стихија во Кочани и малешевијата..

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста