Нова инвестиција на „Пуцко Петрол“

Нафтената компанија Пуцко Петрол го купи земјиштето на поранешната фабрика „Алумина“ за 24 милиони евра.По долги преговори е склучена зделката со израелската компанија „Газит глоуб“ која претходно го поседуваше ова земјиште.

Во време на глобална пандемија и економска криза, компанијата решава да инвестира дома. Целта е да се ревитализира целиот простор и да се стави фокус на зелените површини и парковите.

– Во време кога светот запре, кога фирмите се на голем удар од кризата предизвикана од вирусот Ковид 19, нашата компанија ќе го урбанизира овој простор. Целта е да се даде репрезентативен изглед на овој дел на Скопје, следејќи ги секако енергетско-ефикасните трендови во Европа, вели Асмир Јахоски, сопственик на Пуцко Петрол.

Во наредниот период, ќе следат длабински анализи и долг процес на планирање за идната инвестиција. „Бенефит ќе има за целиот град, но и за општината Карпош која ќе добие модерен и зелен комплекс “,вели Јахоски.

Инвестицијата која би се случила на овој простор, се проценува на 150 милиони евра.