Нова бомба за Заев, се споменува сума од шест милиони евра и адвокатот Димишков

И последниот ден од изборната кампања пред молкот мина во знакот на аудио бомби.Нова снимка се појави денеска на јутјуб каналот Зоки рекетарот. Снимката е насловена “Заев зема рекет од шест милиони евра” Повеќе медиуми објавуваат дека гласот кој се слуша на снимката е на екс премиерот и лидер на СДСМ Заев. Во разговорот се споменува Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова и сума од шест милиони евра.

“Во еден период се појави овој Васко,а на Димишкова брат.Совети ми даде, што да правам,ми бара пари, значи он ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра, викам важи, јас влегувам во оваа работа”, се вели во транскриптот објавен на Јутјуб.

Името на Васил Димишков беше актуелно и во други материјали кои претходно беа објавени на Јутјуб и се поврзуваа со случајот ”Рекет”. Адвокатот беше спомнат и во ерден од дуелите на Мицкоски и Заев. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го праша Заев дали го познава адвокатот на што лидерот на СДСМ одговори негативно.

“Вие го познавате господинот Димишков?
Не
Сигурно?
Сигурно.
Во ред да не излезе после дека го познавате и дека сте имале средби”

И власта и опозицијата излегоа со свој став за објавениот материјал на јутјуб. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Заев зема шест милиони евра преку Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова. Од партијата истакнуваат дека лидерот на СДСМ е шеф на рекетарска група која го извршила најголемиот рекет во државата и ги повикуваат институциите да реагираат.

СДСМ возврати дека снимката е монтирана и сечена. Според социјалдемократите од разговорот јасно се слуша дека нивниот претседател одбива мито и дека го употребува зборот марш, а не важи.

Претходно на јутјуб каналот обнова на режимот излегоа други снимки за кои се тврди дека се разговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со независните пратеници од партијата. Темите на дискусија во овие разговори се ненапаѓање на пратениците од членството на ВМРО-ДПМНЕ и законот за јавно обвинителство. Се огласија и пратениците кои тврдат дека разговор имало, а објавените снимки се нецелосни.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста