Нова „бомба“ за власта: Шекеринска со Катица Јанева на гости кај Боки 13?!

Објавена нова „бомба“ за власта насловена Боки 13 и другарките, каде наводно во главна улога е Радмила Шекеринска. Според дел од медиумите во видеото се гледаат министерката за одбрана и Катица Јанева, на гости кај Бојан Јовановски.

Дека била во домот на Боки 13, во јануари годинава потврди и самата Шекеринска, откако претходно тоа во судот го кажа неговата куќна помошничка Драгана Колевска. Покрај средбата на која биле министерката и поранешната шефица на СЈО, таа кажа дека гости во домот на Јовановски биле и други политичари.

-Во домот на Бојан Јовановски дојдоа Радмила Шеќеринска и Катица Јанева. Посетата беше куса и тие брзо си заминаа. Кај него дома сум ги видела и Кирацовски и Стефан Богоев. Во друга прилика беа дојдени и Орце Камчев заедно со Зоран Милевски – Кичеец и уште едно лице, кажа во Судот Драгана Колевска на 27 декември 2019-та.

Шекеринска не е единствена од видните политичари во СДСМ кои биле гости во домот на осудениот за „Рекет“. Како што се откри во текот на судскиот процес, меѓу гостите таму бил и министерот за здравство Венко Филипче. А и техничкиот премиер Спасовски во декември минатата година потврди дека имал средби со Боки 13, но само службено.

-Службени контакти 2 или 3 кои што биле пред се се однесуваа за одредени пријави што ги имаше и тој и новинарите од телевизијата за упад во електронскиот систем во телевизијата и за тоа беа остварени средби со директорот на БЈБ, изјави Спасовски на 14 декември 2019-та.

Спасовски, Шекеринска и Филипче се само дел од врвот на СДСМ, кои имаа релации со осудениот на 9 годишна казна затвор за „Рекет“. Иако демантираа откако Боки 13 заврши во притвор, блиски контакти со него имаа и Александар Кирацовски и Костадин Костадинов, за кои беа објавени фотографии како седат заедно во кафеана.

Во серијата „бомби“ за власта беше објавена и онаа во која Заев се фали дека тежи 8 и пол милиони евра, иако во анкетниот лист кој е објавен на веб сајтот на Владата, тој тежи околу 730 илјади евра, што е речиси 12 пати помалку од оние 8 и пол милиони кои што се слушаат во разговорот. Но, за ниту еден од објавените разговори, каде има сериозни индиции за можен криминал, Обвинителството се уште нема поведено никаков предмет по допрен глас.

Јовановски најави дека во неговиот телефон може да се открие многу повеќе околу контактите со политичарите од врвот на власта, но ниту судот, ниту Обвинителството не реши истиот да го вештачи, иако самото тоа го побара Боки 13, како би се открило за што тој разговарал со видни ликови од СДСМ.

Денеска беа објавени „бомби“ и за опозицијата, каде се тврди дека разговараат генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и поранешниот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Во снимките се слуша како тие договараат резервација на неколку авиони од странство за да донесат гласачи од дијаспората, најверојатно во периодот околу 2015 година.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста