Нова бетонизација на Водно – јавноста реагира, надлежните си ја префрлаат одговорноста

Новиот план за бетонизација на Водно ја збесна јавноста. Планот на општина Карпош за урбанизација на делот над детската клиника во Козле каде ќе никнат педесетина станбени објекти предизвикува бура од реакции. Граѓани, невладини бараат одговори кој дозволил на оваа локација да никнат бетонски објети наместо зеленило. Одлуката треба да падне на седница на совет на општина Карпош од каде уверуваат дека нема ништо спорно во процедурата. Граѓанските здруженија со денови алармираат дека е неприфатливо да се даде амин за в аков план за кој се тврди дека не е во согласност со Генералниот урбанистички план. Наместо реакција, надлежните си ја префрлаат одговорноста:

Ова прашање е прашање кое што е во надлежност на локалните власти на матичната општина и на Град Скопје, сметам дека  треба да се постави на таа адреса. Приоритетите во дел на урбанизмот и развојот на општините го водат локалните самоуправи и согласно тие нивни приоритети, предлози, планови, се прави развојот на тие општини, така што нивни се плановите, нивни се решенијата и сите тие одлуки одат во советите на општините, не во владата – вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Опозицијата реагира дека намерата за бетонизација на Водно и Карпош на владејачката СДСМ е јасно видлива

СДСМ на едната страна со веќе јасно видлива намера за бетонизација на Водно и Карпош, на другата страна ние заедно со граѓаните и свесниот дел од јавноста за последиците од нивните политики цврсто решени да ги спречиме во намерите и да го запазиме интересот на граѓаните, обвинува Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ – пишува Тони Јаревски од ВМРО ДПМНЕ.

Од Општина Карпош потврдуваат дека ако планот биде изгласан ќе се градат објекти со приземје, два ката и поткровје. Од О2 иницијатива реагираат дека има премногу планови за цели населби на места каде има или може да има зеленило. Каква ќе биде судбината на проектот ќе се знае допрва. Денеска истекува рокот за поднесување жалби.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста