Нова аудио бомба-Заев со пцовки и навреди кон шарените

Нови бомби осамнаа на јутјуб каналите, во последните два аудио фајлови кои се прикачени на видео платформата од корисникот со име Зоки Истина наводно се слуша гласот на лидерот на Зоран Заев. Како што пренесуваат порталите во разговорите се слушаат пцовки и погрдни зборови за шарената револуција и владиката Наум.

Наводно Заев со соговорникот збори за претходните парламентарни избори за тоа дека шарената револуција нема да може да истрча сама на изборите. Односно дека заедно со СДСМ сите би настапиле како шарена коалиција.

З.З: Шарена револуција 4.8%

XX:Која шарена револуција, тие не се партија бе. Да се формираат како партија тие …

З.З: Не може да се формираат јас го регистрирав тоа, кај ќе се формираат

XX:Како ти го регистрира,

З.3: Па го регистрирав, шарена коалицијата ќе биде кога ќе излеземе

XX:Шарена коалиција а?

Зоран Заев: Се ќе соберам на купче и шуто и рогато. Све

XX:И после ќе ги пуштиш низ вода

З.З: После мамето ќе им го …, сите што ќе влезат кај мене во коалиција

Во другиот аудио материјал каде наводно Заев разговара со непознато лице се слушаат погрдни зборови  за владиката Наум .

XX: Дедо Наум?

З.З: А?

XX: Дедо Наум, владиката?

З.З: Кој бе

XX:Па верник

З.З: Не бе ни он, он е близок со Хари, Мари. И он не ми направи муабет за тоа. Не ок е оној наш владика е струмички, не можам да кажам дека не сум се видел со него, сум се видел.

XX: Каков човек е он

З.З: Со сите бои обоен, измачкан. Не знам дали мине повеќе време со мене или со Сашо.

Изутрината исто така на јутјуб се појави бомба во која се тврди дека се слуша гласот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Наводно тој потврдува дека екс директорот на УБК Сашо Мијалков дал двапати по 5 илјади евра за партиски активности на ВМРО-ДПМНЕ.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста