Нова аудио бомба открива зошто Заев и СДСМ во паника го донесоа Законот за Јавно обвинителство

-Материјалот сметам дека е сериозна индиција за кривична одговорност по однос на мешањето на извршната власт во однос на работата и одлучувањето на судската власт, изјави Антонио Милошоски.

Директно мешање од страна на поранешниот премиер во работата на судската власт, може да се слушне од аудио бомбата која денеска ја објави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели материјалот го добил од укажувач. Во објавениот разговор може да се слушне како лидерот на СДСМ со поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски договара одлуки на судот. Може да се слушне и дека Заев бил во комуникација со поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, околу предметите на СЈО.

ЦЕЛА БОМБА:

ЗЗ. Амбиентот во моментот кога тоа се случува, Катица знае, по кои постапки, со многу трпение треба да се оди, и го тераме целиот процес. Знае дека на Врховниот суд ќе се донесе таква одлука. Без Заев не може…

З.З. Им реков почекајте, ќе видите одлука на Врховен суд, оп, се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас – трас готово; ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши; одлуката на Врховен суд е донесена.

З.З. Што се случува во правото, кога има материјални докази коишто се обезбедени на основа на неовластени и недозволиви снимки, снимките се веќе недозволиви и обезбедените материјални докази паѓаат, таму кај што паѓаат се затвора предметот, тоа е како донесена пресуда, не се отвораат.

З.З; Што е важно? Катица тоа го знае, знае од целиот почеток,.., значи ја со Јово Вангеловски, беше еден од трите судии во врховен суд, имаше и други тројца од Апелационен суд, што требаше да паднат заради бегството на Сеат Кочан и заради бегството на овој (Груевски); и Јово беше вратен, сум се смирил и сум се договорил со Јово. Точно е ние бевме блиски, тераме блиски, јас сум таков човек, прво не верувам секојпат дека не треба, секојпат сум верувал.

З.З.; Ова е политичка битка помеѓу ВМРО и СДС и тука треба да застане, заради тоа се разговорите, они поминаа границите. Знаејќи го Катица целото тоа што се случува, она и така се однесува, знае дека ќе паднат предметите. Знае, дека и да не сака, она помага, значи готово, нема, влезена е во тој процес сега.

З.З.; Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел …. Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд; Врховен суд тоа сам не може да брка.

Милошоски беше запрашан дали не се плаши од можна постапка против него поради објавување нелегално стекнат материјал. Вели во оваа ситуација најмалку што треба е Обвинителството да го повика Заев на распит.

-Јас сум свесен дека господинот Заев и неговото семејството се прилично влијателни и во обвинителство и во политика и во државата, и дека наредувале во минатото кој треба да биде притворен. Но, после еден ваков објавен материјал, ако некој треба да биде приведен или во најмала рака повикан на распит, тоа е господинот Заев, изјави Милошоски.

Наместо осуда за мешањето на поранешниот премиер во работата на судската власт, од СДСМ денеска решија да го нападнат ВМРО-ДПМНЕ, поради објавувањето на снимката каде се слуша гласот на Заев.

ВМРО-ДПМНЕ се закопа, пушта снимки од разговори од време кога сите знаеа дека предметите на СЈО беа под закана – Милошоски го знае новиот закон, тој, Груевски и Мицкоски знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази. Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен, изјави Локвенец.

Милошоски и претходно од Собранието објави аудио снимка каде се слуша гласот на Зоран Заев. Според зборовите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, таму се слуша дека поранешниот премиер знаел за нелегалното финансирање на Меѓународниот сојуз и дека ја финансирал телевизијата на Боки 13, 1ТВ.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста